29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГТЦ ќе биде преслечен во барок

ГТЦ ќе биде преслечен во барок

gtc

Владата донесе одлука Градскиот трговски центар (ГТЦ) да добие барокна фасада, а одлуката е објавена во Службен весник.

Одлуката за продолжување на изградбата на проектот „Скопје 2014“ во чии што рамки е и измената на ликот на ГТЦ, е објавена во Службен весник, а верификатот со кој ГТЦ беше објект од културно наследство е укинат, јави „Телма“.

Општина Центар лани во април распиша референдум за изгледот на Градски трговски центар, но тој беше неуспешен, затоа што не го исполни цензусот, односно  на референдумот излегоа на гласање околу 40 отсто од 43.560 запишани гласачи.

Тогаш градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски рече дека повеќе од 95 отсто од оние што излегле на референдумот гласале за зачувување на автентичноста на ГТЦ.

Активистите од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ побараа прогласување на ГТЦ за културно наследство, во насока на зачувување на автентичниот изглед, а граѓаните организираа и „Големо гушкање за ГТЦ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП