3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е подготвена да ги реализира проектите Турски и Јужен поток

Русија е подготвена да ги реализира проектите Турски и Јужен поток

juzen potok bugarija

Русија е подготвена да ги реализира проектите „Турски поток“ и „Јужен тек“ во присуство на гаранции од земјите партнери.

Ова го изјави рускиот министер за енергетика Александар Новак. Тој исто така рече дека Русија ја потврдила подготвеноста да ја продолжи изградбата на гасоводот „Турски поток“ ако постојат гаранции и јасна позиција на Еврокомисијата во однос на овој проект.

„За „Турски поток“: подготвени сме да ја реализираме соодветната инфраструктура за изградба на гасоводот по дното на Црното Море. Најглавното е, дали се подготвени турските партнери и колеги, и второ – дали се подготвени европските партнери за реализација на овие проекти“, посочи Новак.

„Ако постојат одредени гаранции од страна на државите, на Еврокомисијата, ние сме подготвени да ги реализираме овие проекти“, истакна министерот.

„Засега, колку ни е познато, јасна позиција на Европската комисија за изградба на соодветната инфраструктура нема“, вели Новак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП