Делегација од дваесетина турски компании, членови на Балканската асоцијација на индустријалци и бизнисмени од Румели, Република Турција, денеска престојуваат во посета на Република Македонија.
Целта е воспоставување соработка со македонски фирми од повеќе сектори, градежништво и градежни материјали, текстил, автоиндустрија, електрика и електроника, прехрана и кетеринг, туризам, индустриски машини и опрема, трговија,…
По повод посетата, Стопанската комора на Македонија организира македонско-турски бизнис форум на кој потенцијалните деловни партнери ќе имаат можност за директни, билатерални средби и разговори.