1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешка избегна штрајк на вработените во нафтената индустрија

Норвешка избегна штрајк на вработените во нафтената индустрија

platforma 88

Вработените и работодавците во норвешките офшор нафтени наоѓалишта денеска потпишаа нов договор за платите, со што беше избегнат штрајк, закана да се намали производството на најголемиот западноевропски производител на нафта и гас со околу 6%.

Околу 755 вработени на наоѓалиштата, управувани од „Statoil“, „ExxonMobil“ и „Engie“ се заканија со штрајк при неуспех на преговорите. Евентуален конфликт ќе го намали производството на нафта и гас во Норвешка со 229.000 барели нафтен еквивалент.

Во 2012-та година 16-дневниот штрајк на нафтените вработени во земјата доведе до пад на нафтената екстракција со околу 13 отсто, а производството на гас со околу 4 проценти.

Во петокот американската лесна сурова нафта „WTI“ ја затвори седницата со зголемување од 1,94% до 49,27 долари за барел а европскиот репер „Брент“ поскапе за 1,89% до 50,65 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП