18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch: Рецесијата во Русија опаѓа, следи раст на БДП

Fitch: Рецесијата во Русија опаѓа, следи раст на БДП

fitchrejting65r46g464g4er

Рецесијата во Русија опаѓа и новиот раст на БДП би можел да се оствари веќе до крајот на оваа година, наведуваат аналитичарите на рејтинг агенцијата Fitch.

Зголемените цени на нафтата и одговараат на фискалната позиција на Русија, но и понатака постои неизвесност за можните трошоци пред руските парламентарни избори во септември.

„Стабилизацијата на руската економија и благото зајакнување на рубљата би требало да ги задржат трговските патнери во регионот. Сепак, не се очекува дека умерениот раст во Русија ќе ги зголеми инвестициите или вработувањето на странските работници, што е клучен извор на приходи за некои блиски соседни земји“, оценува Fitch.

Според службената прогноза на Министерството за економски развој, рускиот БДП во оваа година ќе падне за 0,2 проценти.

Министерството, сепак, не го исклучува растот на БДП во 2016 година во случај да се одржат позитивните фактори во меѓународното економско опкружување, наведуваат руските медиуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП