6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија шокирана: Се што беше планирано „паѓа во вода“

Британија шокирана: Се што беше планирано „паѓа во вода“

британија-еу-аут

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн се откажа од планираното претворање на буџетскиот дефицит во суфицит до 2020 година, изјави британскиот BBC.

Озборн, како што пренесува овој британски јавен сервис, изјавил дека „Британија мора да биде реална во поглед на достигнувањата на суфицит до крајот на оваа деценија, бидејќи економијата покажува јасни знаци на шок по минатонеделната одлука на гласачите да ја напуштат Европската унија.

„Како што изјави гувернерот на Банката на Англија, референдумот ќе произведе негативни економски шокови по нашата економија. Начинот на кој ќе одговориме на тоа ќе го одреди и влијанието на шоковие на работните места и економскиот раст“, изјави Озборн.

„Мораме да обезбедиме фискална кредибилност и да продолжиме да бидеме строги во поглед на дефицитот, додека истовремено сме реалистични во поглед на достигнување на суфицит до крајот на деценијата“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП