26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеделата на Македонска берза заврши со скромен промет

Неделата на Македонска берза заврши со скромен промет

berza-makedonija-makedonska-berzi

Вкупниот промет остварен на Македонска берза на последниот трговски ден од оваа недела изнесуваше 8,6 милиони денари, а се тргуваше со акциите само од девет компании.

Намалениот интерес на инвеститорите резултираше со намален промет за време на денешното тргување.

Односот на добитници во однос на губитници беше во размерот 4:3.

На врвот на добитничката листа се најдоа акциите на Гранит со раст на вредноста за повеќе од 7,14 отсто. Интересот за акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол АД Скопје во петокот беше најголем.

Најтргувани и денеска повторно беа обврзниците за денационализација од петнаесеттата емисија кои опфатија над 85% од вкупниот остварен промет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП