
Поротата одлучи да го даде целосниот баран надомест од страна на „Hewlett Packard Enterprise“ (HPE), која го тужи „Oracle“ за прекршени договори. Така „Oracle“ ќе треба да плати 3 милијарди долари на „HPE“.


Поротата одлучи да го даде целосниот баран надомест од страна на „Hewlett Packard Enterprise“ (HPE), која го тужи „Oracle“ за прекршени договори. Така „Oracle“ ќе треба да плати 3 милијарди долари на „HPE“.
Двете компании имаат дело веќе неколку години. „HPE“ го започна откако процени дека во 2011-та година „Oracle“ го прекршила нивниот договор кој го обврзува „Oracle“ да продолжува да ги поддржува процесорите „Intel Itanium“ во софтверските производи. „Itanium“ се користат од многу од серверите на „HPE“, а многу од клиентите на двете компании ги купуваат нивните производи токму затоа што во комбинација работеа многу добро.
Според „HPE“ одлуката на „Oracle“ е донесена еднострано и во спротивно со договорот. Компанијата смета дека ова ќе доведе до сериозни загуби како за неа, така и за клиентите. „Oracle“ тврдеше дека запрела со одржување на „Itanium“, бидејќи и „Intel“ го направила, но „Intel“ негираше дека имала такви планови.
Како последица, „Oracle“ повторно започна да го одржува „Itanium“, откако судот ја задолжи, но случајот требаше да продолжи и со одредување на евентуалното обештетување. Поротата одлучи дека „Oracle“ треба да го отплати целиот износ од бараните 3 милијарди долари од страна на од „HPE“.
„Oracle“, објави дека ќе поднесе жалба на одлуката на судот. Ова е второ дело што компанијата го губи во рамките на еден месец. На крајот на мај таа го загуби и делото, што го започна против „Google“ со обвиненија дека плаформата „Android“ ги прекршила патентите на „Java“. Судот одлучи дека тоа не е така. Компанијата ја обжали и таа одлука.