20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на Франција скокна на 97,5 проценти од БДП

Долгот на Франција скокна на 97,5 проценти од БДП

francijakrizafrance

Јавниот долг на Франција порасна во првиот квартал, со што оваа земја се одалечи од исполнувањето на критериумите на еврозоната за висината на долгот, оценува агенцијата Франс прес.

Јавниот долг на Франција во првите три месеци од оваа година е зголемен за 40,7 милијадрди евра, соопшти националната статистичка канцеларија Инсее.

Тоа е еднакво на 97,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП) што е повеќе во однос на 96,1 проценти од БДП од четвртиот квартал минатата година и значително над пропишаната граница на еврозоната од 60 проценти од БДП.

Со тоа, исто така, е промашен целниот јавен долг на владата во Париз од 96,2 проценти од БДП вo 2016 година и од 96,5 проценти за наредната година.

Францускиот ревизорски суд предупреди вчера дека постои голема опасност дека Франција ќе го пробие целниот буџетски дефицит за 2017 година поради зголемената потрошувачка од почетокот на оваа година.

Меѓутоа, францускиот претседател Франсоа Оланд во повеќе наврати вети дека ќе го намали дефицитот на 2,7 проценти од БДП во наредната година, што е под целната граница на еврозоната од 3,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП