13 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловачка од 1-ви јули прв пат станува претседавач со ЕУ

Словачка од 1-ви јули прв пат станува претседавач со ЕУ

slovakia-eu333

Словачка од петок за првпат во својата историја го презема шестмесечното претседавање со Европската унија (ЕУ), откако во 2004-та година стана полноправна членка на Унијата.

Според словачкиот премиер Роберт Фицо, за време на претседавањето на Словачка Унијата ќе треба да ги „редефинира“ своите неуспешни политики, како што е на пример онаа со миграцијата. На словачката агенда за време на шестмесечното претседавање, исто така, се и реформирањето на единствениот европски пазар и соочувањето со последиците од најавеното излегување Велика Британија од ЕУ.

„Важните одлуки за иднината на Европа не можат да бидат дефинирани од страна на одлуките на една или две земји членки, или пак од страна на земјите основачи на Унијата“, рече Фицо по средбата со претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, во пресрет на преземањето на претседателството од досегашниот претседавач Холандија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП