2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија и Ирска добија уште 7 години

Португалија и Ирска добија уште 7 години

mone1

На Португалија и Ирска ќе им бидат одобрени уште седум години за да им ги вратат парите на меѓународните кредитори, кои им беа одобрени со цел да излезат од кризата.

ЕУ и ММФ на Ирска и одобрија кредит во 2010, а на Португалија во 2011 година.

Министрите за финансии на eврозоната на средбата во Даблин, исто така одлучија да му одобрат на Кипар кредит од 10 милијарди евра. Тоа би можело да се случи до крајот на месецот.

Со планот за Ирска и Португалија се предвидува, на овие држави да им биде дадено повеќе време за закрепнување од должничката криза, пред да бидат повлечени парите од меѓународните кредитори.

Сите пари за Ирска ќе бидат исплатени до крајот на оваа година, а за Португалија до крајот на 2014 година. Продолжувањето на рокот за враќање на долгот за уште седум години е особено важен потег за Португалија, која превзема значајни мерки за штедење, со цел да го намали јавниот долг.

Се очекува дека сите 27 министри за финансии во целост ќе го поддржат планот за продолжување на рокот за отплата за Португалија и Ирска. Министрите на Еврозоната ги отфрлија шпекулациите дека Кипар ќе има потреба од поголема количина на пари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП