19 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на делницата Д.Капија-Неготино се одвива по стариот пат

Сообраќајот на делницата Д.Капија-Неготино се одвива по стариот пат

soobrakajotkja

Сообраќајот на сите патишта во Македонија, со исклучок на патниот правец Демир Капија-Неготино се одвива без забрани, по суви коловози. Поради сообраќајна незгода на патниот правец Демир Капија – Неготино сообраќајот се пренасочува по стариот пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

На државните патишта од денес ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период со кој се забранува движење на тешки товарни возила, чија маса преминува 15 тони. Временските интервали се следни:

петок : 17:00 – 22:00 часот

сабота : 09:00 – 18:00 часот и

недела : 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

Забраната и тоа за време на викендите ќе се применува и на магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрод-Скопје за тешки товарни возила чија маса преминува 7,5 тони. Временските интервали се следни:

петок : 15:00 – 22:00 часот

сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и

недела : 07:00 – 22:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП