Цените на нафтата се спуштија во четврток на меѓународните берзи под нивото од 50 долари, под притисок на обновеното производство во Нигерија и Канада и профитабилните продажби во пресрет на долгиот празничен викенд во САД.
На лондонската берза цената на барелот за испорака во август, која истекува денеска, падна 97 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 49,64 долари. Вчера го заклучи тргувањето во плус 2,02 долара. На американската берза барелот денеска се тргуваше по 1,17 долари пониска цена од 48,71 долар. Вчера за време на затворањето исто беше во плус 2,03 долара.
Одвоено, Организацијата на земји извознички на нафта(ОПЕК) објави дека референтната цена на нејзината нафта во среда изнесувала 45,82 долари, што значи дека пораснала 1,36 долари во однос на претходниот трговски ден.