3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо рудникот „Иловица“ ќе се вработат 600 рудари

Во рудникот „Иловица“ ќе се вработат 600 рудари

ilovica rudnik 33

Со најавената нова инвестиција во рудникот за бакар и злато „Иловица“ од меѓународниот конзорциум „Евромакс“, Владата очекува  отворање нови работни места и намалување на невработеноста, рече премиерот Емил Димитриев, на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи му на Никола Мицевски од ВМРО-­ДПМНЕ.

„Се работи за исклучително квалитетен инвеститор кој во изминатиов период многу вложи во делот на истрагите на реонот во општина Босилово. Резултатите од истрагите покажуваат дека таму има исплатливост да се инвестира во нов рудник за злато и бакар. Од неодамна е донесена одлука за отворање на овој рудник, кој претставува една од најголемите инвестиции во Југоисточна Европа во оваа дејност. Ќе се вложат 500 милиони евра за подготовка и старт на новиот рудник“, рече Димитриев.

Според неговите информации, во септември или во октомври конзорциумот ќе почне со градежни и подготвителни активности за почеток на работа, а потоа со етапно ангажирање нови работници кои би работеле во рудникот.

Се очекува во рудникот да се вработат 600 лица за подолг период, а ќе се ангажираат околу 1.000 работници во делот на градежништво. Димитриев рече дека очекува наши домашни компании да работат на градбата и на подготвителните активности за отворање на овој голем капацитет.

„Од страна на инвеститорот се планирани посебни обуки за вработените, ќе се спроведуваат максимални и професионални стандарди во делот на работењето од сите аспекти, како безбедност при работа и екологија“, рече Димитриев.

Тој е задоволен од одлуката на инвеститорот да влезе во Македонија со инвестиција зад која стојат Европската банка за обнова и развој и Германскиот гарантен фонд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП