26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„На Русија и се заканува рецесија“

„На Русија и се заканува рецесија“

rusija2

„Ние во моментов не сме во рецесија, но би можеле да бидеме. Тој ризик постои, доколку оваа пролет не забележиме економски раст“, изјави рускиот министер за економија, Андреј Белусов.

Руската економија би можела оваа есен да биде во рецесија, поради што Владата ќе биде принудена да спроведе мерки за стимулација на економскиот раст, соопшти рускиот министер за економија.

Министерството за економија ги намали прогнозите за економскиот раст за оваа година на 2,4 проценти, што би можело да биде најлошата ситуација за Русија од 2009 година, кога економијата забележа остар пад поради глобалната финансиска криза.

Белусов наведе дека ќе предложи мерки за стимулирање на економијата и дека за таа цел ќе се сретне со претседателот на Русија, Владимир Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП