19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната се зголемува за прв пат од јануари

Инфлацијата во еврозоната се зголемува за прв пат од јануари

ecb-headquarters111

Во јуни изненадувачки се врати инфлацијата во еврозоната, претпоставувајќи дека напорите од страна на централните банки можеби почнуваат да го даваат својот позитивен ефект. Барем тоа го покажуваат податоците пред референдумот во Британија.

Според статистиката на Еуростат, нивото на инфлација во еврозоната изнесува 0,1% на годишна основа во јуни, што е првото зголемување на индексот, надгледувајќи ги потрошувачките цени од јануари. Резултатот ги надмина просечните очекувања на аналитичарите за нулта инфлација во периодот.

Главниот индекс на потрошувачките цени забележа раст до 0,9% во јуни во однос на 0,8% во мај, станува јасно од податоците на Евростат.

Претседателот на ЕЦБ Марио Драги се потпира на нискиот пораст на потрошувачките цени во втората половина на годината во услови на стабилизирање на цената на нафтата на меѓународните стоковите пазари. Непосредно пред референдумот во Британија, Драги изрази надежи дека инфлацијата ќе се доближи до посакуваните 2 проценти од централната финансиска институција во „блиска иднина“. Тоа, сепак, веќе може да е тешко да се постигне во условите на гласањето за излегување на Британија од ЕУ.

Растот на економијата на еврозоната најверојатно ќе биде сериозно засегнат и ќе се намали до 0,5 процентни поени под прелиминарните проекции во следните три години. Тоа го прогнозира Драги за време на состанокот со европските лидери, што оваа недела се одржа во Брисел.

„Брекзит може да доведе до слаб раст на економијата на еврозоната, што од своја страна може да има негативно влијание врз инфлацијата во иднина“, според Ник Кунис, раководител на единицата за макроекономски истражувања во „ABN Amro Bank NV“ во Амстердам.

Прогнозите на ЕЦБ во моментов се дека инфлацијата ќе биде во висина од 0,2% во оваа година, пред да се забрза до 1,3% во наредната и 1,8% во 2018-та година.

Најголема дефлација во износ од 0,9% на годишна основа била регистрирана во Шпанија во овој месец, додека инфлацијата во Германија се зголеми до 0.2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП