1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈунската сесија од екстерното тестирање заврши на 28-ми јуни, поднесени 1.824 приговори

Јунската сесија од екстерното тестирање заврши на 28-ми јуни, поднесени 1.824 приговори

testiranj43

Државниот испитен центар информира дека јунската сесија од екстерното тестирање заврши на 28 јуни 2016 година со завршување на процесот на приговори на резултатите од тестирањето.

Во јунската сесија беа поднесени 1.824 приговори, односно приговарано е на само 0,5% од тестовите. Прифатени се  18,4%, делумно прифатени  се 21,2% од приговорите, а 60,4% од приговорите се неосновани.

Најмногу приговори се поднесени за предметите: математика, македонски, информатика, биологија и природни науки, a најчесто приговарале ученици на кои им недостасува 1 или 2 бода за одлична оценка (1.000 ученици). Прашањата за кои е констатирано дека се проблематични од технички или содржински карактер, а поради кои беа и усвоени дел од приговорите, ќе бидат избришани од базата на прашања. Оваа процедура ја практикуваме од минатата година и тоа е една од причините поради кои имаме се помалку основани приговори.

Оправдано отсутните ученици како и оние кои поради технички проблеми во училиштата не биле во можност да го завршат успешно тестирањето ќе бидат тестирани во августовската сесија која ќе се реализира на 19 и 22 август.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП