20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГи надминале границите: За кого ЕК подготвува казни?

Ги надминале границите: За кого ЕК подготвува казни?

ек-земји-еу

Шпанија и Португалија би можеле да се соочат со казни поради кршењето на прописите на ЕУ за буџетскиот дефицит кога ЕК во наредниот месец ќе ја донесува одлуката за тоа.

Тоа го изјави италијанскиот премиер Матео Ренци на конференцијата за новинарите одржана по завршувањето на самитот на 27 лидери на ЕУ во Брисел, пренесува агенцијата Ројтерс.

Комисијата минатиот месец ја одложи одлуката за покренување на постапка против двете земји поради пробивањето на границата за договоренит дефицит, со цел да избегне создавање на неизвесност во пресрет на минатонеделните избори во Шпанија, на кои победи конзервативната Народна партија.

Официјалните лица на ЕУ тврдат дека Комисијата најверојатно ќе изрече симболичнни казни за Мадрид и Лисабон, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП