28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДве големи економии купуваат тони злато

Две големи економии купуваат тони злато

zlato pracki

Фјучерсите на златото со испорака во август, вчера додадоа 9 долари, или 0,7%, до 1326.90 долари за унца. Цената е највисока за благородниот метал од 11-ти јули 2014-та година.

Од почетокот на годината цената на златото додаде 25% на својата вредност, претворајќи го во една од најдобрите инвестициски алтернативи од почетокот на 2016-та година.

Во позадина на зголемувањето на цената на златото, втората најголема економија во светот – Кина, купила речиси 150 тони од благородниот метал во последните 10 месеци, покажуваат податоците на Светскиот совет за злато. Земјата започна да ги објавува промените во златните резерви во јуни минатата година, а последните податоци од Кина се кон крајот на април 2016-та година.

Друга од големите економии – Русија, исто така е активна на пазарите, откако за истиот период ги има зголемено златните резерви со над 201 тони.

САД и Германија продолжуваат да се на чело во рангирањето, а двете земји имаат соодветно резерви од 8133 тони и 3381 тони, претставувајќи 75.3 и 69.3 проценти од резервите.

Италија и Франција поседуваат односно 2451.8 и 2435.7 тони злато, што е еквивалентно на 68.6 и 64.5 проценти од нивните резерви. Петта и шеста позиција меѓу најголемите држави имателите на злато се имено за горенаведените Кина и Русија. Според последните податоци двете земји имаат 1808.3 и 1476.6 тони. Тоа, сепак, се само 2,3 отсто од резервите на Кина и 15,6 отсто за Русија, кое е во пати помалку од лидерите на листата.

Седмата држава во светот, која располага со повеќе од 1.000 тони златни резерви, е Швајцарија, додека првите 10 се дополнуваат од Јапонија, Холандија и Индија.

Меѓу нето продавачите на злато во последните месеци можеме да ја одбележиме Венецуела, која продала 70 тони злато, како и Турција, која само во февруари оваа година се ослободи од 37.28 тони, а во април купи 2.56 тони.

Вкупно 33 земји во светот имаат повеќе од 100 тони злато, покажуваат уште последни извезени податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП