3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоголем пад од очекуваниот забележа Индустриското производство во Јапонија

Поголем пад од очекуваниот забележа Индустриското производство во Јапонија

industrisko japan 3555

Индустриското производство во Јапонија се намалува повеќе од очекуваното во мај, откако падот на извозот влијаеше негативно на производниот сектор во земјата, пишува „Bloomberg“.

Индустриското производство се намалува за 2,3% на месечна основа во мај, откако во април забележа раст од 0,5 проценти, објави Министерството за трговија. Просечната прогноза на економистите анкетирани од „Bloomberg“, беше за пад од 0,2%.

Слабите податоци заедно со незадоволителниот извештај од средата за продажба на мало ги нагласуваат стравувањата дека обновата на јапонската економија слабее, откако во првиот квартал изненади со стабилен раст. Референдумот во Велика Британија минатата недела го поскапе јенот во неговиот квалитет како „азил валута“ и тоа го загрозува профитот на компаниите извознички.

„Извештајот сигнализира дека производството е слабо во голем број сектори“, вели Торун Суехиро, виш пазарен економист во „Mizuho Securities“ во Токио.

Индустриското производство се намалува во 11 од вкупно 15 сектори, а најголем пад забележа хемиската индустрија (без фармацевтскиот сектор).

Овој месец широкиот берзански индекс „Topix“ забележува пад од 9%, а поскапувањето кај јенот е над 8%.

Министерството за трговија очекува во јуни индустриското производство да се зголеми за 1,7%, а во јули да оствари раст од 1,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП