29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндексот МБИ10 трет ден во негатива

Индексот МБИ10 трет ден во негатива

mk berza kke

Со минимален пад од 0,31 отсто, втор ден по ред во надолна линија, и со вредност од 1.702,29 поени на индексот МБИ10, Македонската берза во заврши трговскиот ден во средата.

Вкупниот промет изнесуваше 12,6 милиони денари во кои стандардно доминираа обврзниците петнаесеттата емисија. Со оваа обврзница се истргуваа трансакции во вредност од 10,5 милиони денари што претставува без малку 85 проценти од вкупниот остварен промет на Македонската берза.

Кај акциите убедливо најтргувана беше акцијата на Алкалоид АД со промет од над милион денари.

ТТК Банка Ад Скопје вчера излезе со официјална информација на официјалниот сајт за измени во органи на управување . Конкретно со решение на Гувернерот на НБРМ од 23 јуни 2016 година, издадена е претходна согласност за именување (реизбор) на член на Надзорен одбор на ТТК Банка.

Македонски Телеком информира дека е потпишан значаен договор за управувани услуги со Ериксон.

Охридска банка АД Скопје објави дека на 29.06.2016 година склучи договор за краткорочен кредит со Сосиете Женерал Париз на износ од 10 милиони евра со рок на враќање од две седмици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП