18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоговорот за продажба на грчкото пристаниште Пиреја удри на камен

Договорот за продажба на грчкото пристаниште Пиреја удри на камен

pireja 35353

Во пресрет на државната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Пекинг, која започнува во петок, кинескиот концерн „Cosco Shipping“ ја обвини владата во Атина за промена на основните елементи од договорот за продажба на 67% од акциите на компанијата, која го поседува пристаништето Пиреја, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Ова може да го загрози договорот, поздравен и од двете страни, и дефиниран од аналитичарите како важен катализатор за промовирање на растот за намалување на долговите на Грција.

Кинеската компанија побарала од Владата во Атина и грчкиот фонд за приватизација (HRADF) да се исполни потпишаниот договор на 8-ми април, на што присуствувал лично грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Грчкиот министер за поморски транспорт Теодорос Дрицас призна дека има недоследности, но додаде дека владата има право да прави промени. Тој изрази подготвеност да ги разгледа можностите за подобрувања.

Договорот за 368,5 милиони евра предвидува кинеската компанија за бродски услуги Cosco да купи 51% од Пиреја за 280,5 милиони евра и да купи останатите 16% за 88 милиони евра по пет години, откако претходно бидат извршени инвестиции во вредност од 350 милиони евра.

Се очекуваше парламентот да го ратификува договорот денеска пред државната посета на Ципрас во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП