30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈужносуданската нафта повторно транзитно протече низ Судан

Јужносуданската нафта повторно транзитно протече низ Судан

20130414-190445.jpg

Суровата нафта, која се добива од јужносуданските наоѓалишта, повторно транзитно протече преку Судан, по прекинот кој траеше повеќе од една година и кој предизвика големи загуби вредни повеќе милијарди за двете страни, соопшти суданското Министерство за нафта.

Првите доставки на црно злато пристигнаа вчера на суданска територија, изјави помошникот-министер во Министерството Авад Абдул Фатах.

Тој истакна дека засега станува збор за мало количество, кое е пуштено пред се за да се провери функционерањето на системот.

Во март Џуба и Картум постигнаа спогодба за обновување на транзитот на јужносуданска нафта преку територијата на Судан. Главен купувач на оваа нафта е Кина. Јужен Судан произведува во просек 350 илјади барели дневно.

Јужен Судан, кој се отцепи од Судан во летото 2011 година, доби околу 75 проценти од нафтените наоѓалишта, а Картум го доби извозниот нафтоводен систем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП