3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија го губи растот, но и инвестициите

Британија го губи растот, но и инвестициите

britanos

Агенцијата за кредитен рејтинг „Fitch“ очекува пад на инвестициите во Британија за пет проценти следната година.

Се очекува дека и инвестициите во 2018 ќе бидат за 15 проценти помали отколку што тоа претходно се проценуваше поради несигурноста настаната по референдумот за излез од ЕУ.

Некои работодавци привремено ги откажаа инвестициите во Британија, „Fitch“ проценува дека „нема многу сомнежи дека референдумот во Обединетото Кралство за излез од ЕУ ќе има значителни последици на економијата“.

Агенцијата наведува дека постои загриженост кога станува збор и за идните трговски односи на Британија и ЕУ, какви видови на прописи ќе постојат и дали земјата со соочува со нови проблеми поради желбата на Шкотска за независност.

„Fitch“ во денешнииот извештај исто така за еден процент ја намали и проценката за економскиот раст во Британија, на еден процент во 2017 и 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП