7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs и Morgan Stanley остануваат во Лондон

Goldman Sachs и Morgan Stanley остануваат во Лондон

gold morgan

Американските инвестициски банки „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“ ги демантираа шпекулациите дека ќе ги преселат вработените и операциите од Лондон во Франкфурт, штом процесот за заминувањето на Британија од ЕУ ќе започне официјално, објави „Ројтерс“.

„Како што веќе им соопштивме на нашите вработени, нема непосредна промена во начинот на кој ги извршуваме активностите или местото каде што ги правиме“, нагласува „Goldman“ во соопштението.

„„Goldman Sachs“ има долга историја во приспособување кон промените. Ние ќе работиме со соодветните органи, откако станат јасни условите за напуштањето. Нашата главна цел, како и секогаш, останува да ги задоволиме потребите на нашите клиенти“, изјави извршниот директор на банката Лојд Бланкфејн.

Од своја страна, „Morgan Stanley“ исто побрза да ги смири гласините дека планира да се пресели во германскиот финансиски центар, кога владата на Велика Британија ќе го активира членот 50 од Лисабонскиот договор, што е првиот официјален чекор за напуштање на 28-члениот блок.

„„Morgan Stanley“ нема земено канцелариски простор во Франкфурт“, изјави портпаролот на банката во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП