Сообраќајот на сите патните правци низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од петок 1.јули ќе отпочне со примена времениот режим на сообраќај во летниот период кој ќе трае до 30.август, а со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Временските интервали се следни:
петок : 17:00 – 22:00 часот,
сабота : 09:00 – 18:00 часот и
недела : 09:00 – 22:00 часот.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.
Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за државни патишта.
Забраната за тешки товарни возила ќе се применува и на магистралниот пат, односно делницата Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Временските интервали се следни:
петок : 15:00 – 22:00 часот,
сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и
недела : 07:00 – 22:00 часот.