Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во мај 2016 година, во споредба со мај 2015 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6.6%, а реално за 7.5%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 18.7%, а реално за 15.8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 13.0%, а реално за 13.5%).