19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДом за стари лица почна да се гради во Општина Илинден

Дом за стари лица почна да се гради во Општина Илинден

dom-tari-ica

Камен-темелник на Дом за стари лица – Дом за живеење и нега „Втора младост“, беше поставен во Општина Илинден, во присуство на градоначалникот на општината, Жика Стојановски и инвеститорот, сопственикот на градежната компанија „Адора инженеринг“,Ванчо Чифлиганец.

Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 4,5 милиони евра, со што ќе се овозможи отворање на 30 до 40 нови работни места.

„Познат е фактот дека меѓу најзначајните надлежности на општината се издвојува локалниот економски развој и урбанистичкото планирање на просторот, преку кои на инвеститорите што сакаат да основаат свој бизнис им нудиме квалитетни и привлечни локации, меѓу кои е и оваа на која денес почнува да се гради Дом за стари лица“, рече градоначалникот Стојановски.

Тој додаде дека во текот на последните неколку години вложени се значителни напори за подобрување на конкурентноста и поддршката на приватните инвестиции, што за своја програмска основа го има зајакнувањето на конкурентноста и привлечноста на Општина Илинден како средина која што е поволна за водење бизнис.

„Со реализацијата на овој проект Општината останува на своите трајни определби континуирано да се грижи за потребите на своите жители, реализирајќи ја визијата за подобар живот на сите возрасти на граѓани на Општина Илинден“, додаде градоначалникот Стојановски.

Чифлиганец смета дека во Општина Илинден, со издрабата на овој дом, почнува да се реализира едно хумано дело.

„Целта на ‘Адора инженеринг’ е со овој инвестициски зафат, што се реализира на атрактивна локација до главната сообраќајница во Општина Илинден, во Македонија да се понуди европски квалитет на нега, грижа и живеење во комплексот ‘Втора младост’, каде што возрасната популација ќе може во квалитетни услови да домува, да се лекува, да се рекреира, да се забавува и да си го разубави животот“, рече Чифлиганец, додавајќи дека во домот ќе живеат околу 150 возрасни лица.

Чифлиганец најави дека во план е ова место да биде рекреативен комплекс кој покрај дом за живеење ќе има и многу други содржини, проект што ќе се реализира во соработка со Општина Илинден и Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП