6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина најавува постапка против САД во СТО поради царините на челикот

Кина најавува постапка против САД во СТО поради царините на челикот

celik cena eu

Кина пред Светската трговска организација (WTO- СTO) може да покрене постапка против САД за да ја заштити својата индустрија за челик, објави министерството за трговија во Пекинг, откако Вашингтон предупреди дека увозот на поедини категории челик од Кина им штети на американските произведувачи.

Американската комисија за меѓународна трговија објави минатиот петок дека увозот на нерѓосувачки челик од пет земји, вклучително и од Кина, им штети на американските произведувачи, што претставува завршна фаза во постапката за воведување антидампиншки и антисубвенциски царини.

Американското министерство за трговија веќе воведе царини во висина до 450 отсто на челични производи од Кина, како и царини во распон од 3 до 92 отсто на увозот на нерѓосувачки челик од Италија, Индија, Јужна Кореја и Тајван.

Од кинеското министерство за трговија во вторникот порачаа дека американските извонредно високи царини ги принудиле кинеските компании од американскиот пазар да ги повлечат опфатените категории челични производи.

„Интересот на кинеската извозна челична индустрија ќе бидат сериозно погодени и кинеската индустрија на челик силно се противи на тоа“, наведе министерството во соопштение објавено на официјалната интернет страница.

„Што се однесува погрешниот метод на САД со кој се кршат прописите на СТО, Кина презема и ќе продолжи да ги презема сите мерки, вклучително и поднесувањето на приговор во СТО, за да осигури праведен третман за кинеските компании и за да ги заштити нивните извозни интереси“, се додава во соопштението.

Челичарниците во Кина, најголемиот светски произведувач и потрошувач на овој метал, го зголемија производството и покрај настојувањата на владата во Пекинг да ги намали прекумерните производствени капацитети. Тоа го заостри трговскиот судир меѓу Кина и другите производители на челик, како Јапонија, Индија и САД.

Во кинеското министерство за трговија изразуваат длабока загриженост поради протекционизмот во американскиот сектор за челик. Тврдат дека тешкотиите со коишто се соочува глобалната индустрија на челик е резултат на падот на побарувачката и дека трговскиот протекционизам на САД дополнително ќе ги заостри судирите и споровите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП