25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСо доделување на наградите се спушта завесата на „Гола месечина“

Со доделување на наградите се спушта завесата на „Гола месечина“

gola-me-me

Со претставата на Театар Комедија „Нешто пропуштаме“ во среда, се спушта завесата на меѓународниот фестивал „Гола месечина“, кој почна на 20 јуни и опфати четири претстави од Македонија и четири од земјите во регионот.

Вечерашната претстава зборува за „проституцијата“ во уметноста и за животот и односот меѓу театарџиите зад кулисите. Режијата е на Бојан Трифуновски, а во претставата играат Сашко Коцев, Нина Деан, Валентин Костадиновски, Жаклина Петровска и Столе Мицов.

Вечерва, исто така, ќе бидат доделени и наградите за најдобра машка и женска улога, најдобра режија и гран-при за најдобра претстава, за што тричленото жири во состав Лилјана Мазова, претседател и Славен Видак (БиХ) и Димче Николовски, членови, ќе има тешка задача.

Дека Фестивалот на комедијата беше полн погодок, а репертоарот погоден, зборува и присуството на илјадниците гледачи во публиката за секоја од претставите „Автобус“, „Балкански шпион во Сараево“, „Елинг“, „Хамлет од Горно Дупени“, „Парламентарки“, „Жорж Данден“, „Македонска приказна“ и „Нешто пропуштаме“.

Инаку, вчера во рамки на фестивалот беше прикажана претставата „Македонска приказна“ на Театарот за деца и младинци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП