1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар се надева на реструктуирање на кредитот од Русија

Кипар се надева на реструктуирање на кредитот од Русија

20130414-173508.jpg

Кипар се надева дека следните неколку недели ќе постигне договор со Москва за преструктуирањето на рускиот кредит од 2011 година, изјави кипарскиот министер за финансии Харис Георгијадис во Даблин, каде учествува на средбата на министрите за финансии на земјите од Европската унија.

Георгијадис истакна дека е оптимист во однос на резултатот од преговорите за преразгледување на договорот за кредит од 2,5 милијарди евра, одобрен од Русија во 2011 година за рок од 4,5 години, со годишна каматна стапка од 4,5 отсто.

Тој изрази благодарност за подготвеноста на Русија да го преразгледа договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП