12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДен без значајни промени на Македонската берза

Ден без значајни промени на Македонската берза

mak berza

На Македонската берза во вторникот имаше пад на индексот МБИ10 од 0,25 отсто, со вкупен промет од над 18 милиони денари.

Најтргувани акции беа оние на Стопанска банка Битола со промет од 2,62 милиони, како и акциите на Алалоид со вкупен промет од 1,59 милиони денари.

Индексот ОМБ вчера порасна за 1,09 отсто, од кои најтргувана повторно беше обврзницата од новата емисија со промет од 12,8 милиони денари при што беа истргувани 224.397 лотови по просечна цена повторно од 92,50 проценти од номиналната вредност.

Денес повеќето хартии завршија во зелено при што само 3 акции завршија со пад. Најголем пораст имаше акцијата на Стопанска банка Битола и тоа за 9,58 отсто. Кај губитниците најмногу од својата вредност изгубија акциите на Гранит АД со пад од 6,87 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП