6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДодека светот се тресе, САД ги руши очекувањата

Додека светот се тресе, САД ги руши очекувањата

сад-расте

Американската економија во првиот квартал оваа година оствари поголема стапка на раст од првичните проценки, соопшти американското Министерство за трговија.

Во првиот квартал, бруто домашниот производ на САД порасна за 1,1 проценти на годишно ниво, што е подобро во однос на првичната проценка за раст од 0,8 проценти и благо над прогнозата на аналитичарите кои очкекуваа раст на БДП од 1,0 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Ревизијата на податоците следеше поради зголемениот обем на извозот во тој квартал, додека податоците за растот на личната потрошувачка се ревидирани надолу, на 1,5 проценти, што се најслабите податоци од првиот квартал во 2014 година.

Иако изгледите во поглед на економскиот раст во вториот квартал се уште подобри, шокот кој го предизвика одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, како што оценува АП, би можел да се прелие и на американската економија во наредните месеци.

Како што наведува АП, економистите предвидуваат раст на БДП од 2,5 проценти за тековниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП