6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете здрав и освежителен напиток од лубеница (видео)

Направете здрав и освежителен напиток од лубеница (видео)

115548_lubenaja_630x0

Лубеница – ова слатко летно овoшје, на многумина им е омилено за освежување, особено кога ќе настапат тропските температури. Освен што има совршен вкус, ова чудесно овошје го намалува и притисокот, богато е со антиоксиданти од кои најпознат е ликопенот, кој се содржи и во доматот, но значително помалку.

Некои истражувања дури покажааа дека ликопенот, кој се наоѓа во црвеното овошје и зеленчук, може да спречи срцеви болести и некои облици на рак. За да задржите што поголеми количини на ликопен во оваа супернамирница, чувајте ја на собна температура пред сечењето.

Освен што во секој момент можете да си земете парче лубеница, слатко да грицкате и да уживате, исто така можете да направите и фантастичен освежителен напиток.

Се што ви треба е лубеница нож и блендер. Во напитокот можете да додадете и лимон, лимета, малини, капини и јагоди, како и мед за да го засладите и неколку коцки мраз за да го разладите. Погледнете како…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП