8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Животот нема да ни биде како во ЕУ, ќе бидеме посиромашни“

„Животот нема да ни биде како во ЕУ, ќе бидеме посиромашни“

11770038935772695a6521d199403548_w640

Велика Британија ќе се соочи со зголемување на даноците и дополнително намалување на јавната потрошувачка, откако ја донeсе одлуката за излез од составот на Европската унија.

Тоа во интервјуто за BBC го изјави британскиот министер за финансии Џорџ Озборн, кој говореше за потребата за обезбедување на „фискална сигурност“ за граѓаните на Британија, по британската одлука за напуштање на ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.

На прашањето дали британскиот излез од ЕУ ќе донесе зголемување на даноците и намалување на потрошувачката Озборн одговори дека тоа секако ќе се случи.

„Очигледно е дека земјата ќе биде посиромашна. Апсолутно ќе мораме да обезбедиме фискална сигурност за граѓаните, односно ќе мораме да и покажеме на земјата и светот дека можеме да живееме во рамките на своите можности“, изјави Озборн.

Како што пренесува британската агенција Ројтерс, Озборн изјави дека не сака да види како Обединетото Кралство го напушта пазарот на ЕУ, како и дека Британија треба да се движи во насока кон постигнување на договор кој ќе обезбеди најблиски можни економски врски со соседите.

Британската влада има обврска да го „реши“ ова прашање и не може да каже „треба да избереме нов народ“, доколку не и се допаѓа резулатот од референдумот, изјави британскиот министер за финансии.

Пазарите, како што наведе, ќе се движат горе и доле, а Британија е во период на пролонгирано економско прилагодување.

„Животот нема да ни биде розев како што ни беше во ЕУ“, изјави Озборн.

Тој наведе дека одговорноста за планот за тоа што Британија ќе прави откако излезе од ЕУ лежи кај оние кои го сакаа тоа, а не кај оние кои го подржуваа останувањето во ЕУ, како него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП