
Минималната плата во Германија следната година ќе биде зголемена за четири проценти на 8,84 евра по час.


Минималната плата во Германија следната година ќе биде зголемена за четири проценти на 8,84 евра по час.
Специјалната комисија на работодавци и работници договори зголемување по час од 34 центи.
Шефот на независната комисија, Јан Зелиус, изјави дека зголемувањето е во согласност со неодамнешните договори за зголемување на платите во различните сектори, јавува агенцијата Дпа.
Минималната надокнада по час изнесува 8,5 евра од 1-ви јануари 2015 година, кога е воведена, а се менува секоја година.
Синдикатите и вработените во моќната германска металуршка индустрија договорија во мај зголемување на заработката за 4,8 проценти, што ја отвори вратата за преговори за платата и во другите клучни сектори од германската економија.