18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbnb планира нов круг на финансирање?

Airbnb планира нов круг на финансирање?

airbnb 0339

Стартапот за споделување на станови „Airbnb“ преговара за нов круг на финансирање, кој може да ја оцени компанијата на 30 милијарди долари, тврдат извори блиски до компанијата, цитирани од агенциите.

„Airbnb“ има намера да ги користи средствата за да ги поддржи новите инвестиции и можности за раст, додава изворот.

Компанијата, која се очекува да стане профитабилна во 2016-та година, доби над 100 милиони долари во рамките на кругот на финансирање, кој се одржа на крајот на минатата година и ја оцени на 25,5 милијарди долари.

Стартапот со седиште во Сан Франциско кој оперира во скоро 200 земји, доби уште 1 милијарда долари во јуни од некои од најголемите американски банки, идејата е со тие пари да се финансираат плановите за експанзија.

Подемот на „Airbnb“ и други слични стартапи го зголемува притисокот врз хотелскиот бизнис на воспоставените туристички компании, како „Priceline Group“ и „Expedia“.

Оценката на „Airbnb“ сепак заостанува зад онаа на Uber, „кој“ е лидер на пазарот на најскапо оценувани технолошки стартапи. Компанијата од Сан Франциско се проценува на околу 60 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП