28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГермански регулатор: Најважната европска берза не смее да биде надвор од ЕУ

Германски регулатор: Најважната европска берза не смее да биде надвор од ЕУ

berza-najvazna

Најважната европска берза не би смеела да биде сместена надвор од Европската унија(ЕУ), соопшти во вторник Феликс Хуфелд, претседател на германското сојузно тело за надзор на финансиите (BaFin), критикувајќи ги плановите за спојување на Германската берза и Лондонската берза(LSE), најзначајната европска, а воедно и една од најзначајните светски берзи на вредносни хартии.

„Тешко е да се замисли најважната берза во зоната на еврото да се премести надвор од ЕУ“, рече Хуфелд, додавајќи дека мора да дојде до некои прилагодувања.

Deutsche Boerse и LSE во март најавија спојување, со правно седиште на оваа финансиска тврдина во Лондон.

Акционерите за овие планови би требало да гласат во јули, а потегот на спојување сѐ уште чека зелено светло на дваесетина различни тела, вклучително и на регулаторните тела на ЕУ за конкурентност и надзорните институции во германската сојузна држава Хесен, кои можат да ја блокираат оваа иницијатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП