
Европската унија не ја разгледува можноста за зголемување на гарантираните банкарски депозити над сто илјади евра, изјави еврокомесарот за внатрешен пазар и финансиски услуги Мишел Барни како одговор на прашањето дали ЕУ планира да ги приближи нормите за банкарските вложувања до тие во САД, каде се гарантираат депозитите до 190 илјади евра.

