7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемени продажните цени на индустриските производи во мај

Зголемени продажните цени на индустриските производи во мај

industriski proizvodi22

Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2016 година продажните цени на производителите  на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 0.8% на месечно ниво, односно за 0.5% на  годишно ниво.

Во мај 2016 година во споредба со април 2016 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.5% и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.0%, додека во групата Капитални производи се останати на исто ниво.

Во мај 2016 година во споредба со мај 2015 година, продажните цени на производителите на индустриски
производи на домашниот пазар се повисоки во групите Капитални производи за 7.6%, Трајни производи за
широка потрошувачка за 3.9%, Енергија за 1.6% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП