2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер побара од Лондон што поскоро да се изјасни за излегувањето од...

Јункер побара од Лондон што поскоро да се изјасни за излегувањето од ЕУ

junker 243

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер денес ја повика Велика Британија што поскоро да го изнесе својот став за излегувањето од Европската унија (ЕУ), истовремено демантирајќи ги гласините дека е болен и дека би можел да се повлече од својата функција, пренесуваат светските агенции.

Во обраќањето пред пратениците од Европскиот парламент, кои во вторникот одржаа вонредна пленарна седница во Стразбур посветена на исходот од британскиот референдум, Јункер истакнал дека се противи на неформалните преговори за излегувањето на Велика Британија, пред да започнат и официјалните преговори за ова.

Британската страна даде до знаење дека би сакала неформално да преговара околу условите за излегувањето и рамките за новите односи со ЕУ пред да започнат официјалните прегоори, кои треба да се одржат во период од две години, од денот на поднесувањето на официјалното барање за напуштање на Унијата.

„Тие неформални преговори не можат да се одвиваат во мрачни простории. Ние го одредуваме дневниот ред. ЕУ изгуби крило, но нашиот лет продолжува. Тоа не е лет во непознатото, туку кон целта која е запишана во договорите“, рекол Јункер. Тој се осврнал и на сé почестите гласини во медиумите дека поради здравствената состојба би можел да поднесе оставка.

„Не сум ниту уморен ниту болен, како што пишуваат германските медиуми. Јас останувам тоа што сум – до последниот ден ќе се борам за обединета Европа“, рекол Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП