8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОзборн: Следи зголемување на даноците и намалување на потрошувачката

Озборн: Следи зголемување на даноците и намалување на потрошувачката

Dzordz-Ozborn

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави денес дека Британија мора да ги зголеми даноците и да ја намали јавната потрошувачка со цел да одговори на новите економски предизвици откако нејзините граѓани донесоа одлука за напуштање на ЕУ.

„Ќе мораме да обезбедиме фискална сигурност на луѓето, ќе мораме да и покажеме на земјата и светот дека Владата може да живее во граница на своите можности“, изјави Озборн.

На прашањето дали тоа подразбира зголемување на даноците и намалување на потрошувачката, британскиот министер за финансии одговори „Апсолутно“.

Озборн претходно ја отфрли можноста да го замени Дејвид Камерон на премиерската функција по неговото повлекување од позицијата, кое го најави на есен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП