26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Ќе се справиме подобро од другите земји при нова финансиска криза

Русија: Ќе се справиме подобро од другите земји при нова финансиска криза

rus novcanik 232

Русија најверојатно ќе ја издржи потенцијална финансиска криза подобро од некои други земји, изјави заменик-министерот за финансии на земјата Максим Орешкин.

„Проблемите веќе зад нас. Преживеавме огромни шокови, но ако биде предизвикана друга криза како глобалната финансиска криза, во таков случај Русија ќе страда многу помалку, бидејќи веќе сме постигнале сериозни корекции во доста суровата средина во последните неколку години“, рече Максим Орешкин за „CNBC“ за време на Светскиот економски форум во Тијанџин.

Коментарите на Орешкин доаѓаат малку по референдумот во Британија, на кој гласачите избраа излегување од Европската унија. Резултатите ги потресоа глобалните финансиски пазари, предизвикувајќи загриженост дека превирањата ќе се размножат и на пазарите во развој.

САД и ЕУ воведоа санкции против руски компании и поединци поради анексијата на Крим од Русија во 2014-та година – истата година во која цените на нафтата почнаа значително да се намалуваат.

Орешкин рече дека земјата успеала да се прилагоди на претходните шокови и дека се справува „прилично добро“ финансиски со буџетски дефицит од 3% од бруто домашниот производ (БДП) во 2016-та година и државен долг малку под 15% од БДП-то.

„За Русија санкциите одиграа значајна улога во 2014-та година и во почетокот на 2015-та година, но сега не се толку важни. Навикнавме со оваа нова ситуација“, рече уште Орешкин.

Неговите коментари доаѓаат малку откако Русија и Кина потпишаа серија енергетски договори за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг во саботата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП