6 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрилеп ја одбележа 95-годишнинaта од смртта на Ѓорче Петров

Прилеп ја одбележа 95-годишнинaта од смртта на Ѓорче Петров

гјорце

Прилеп ја одбележа во вторникот 95-годишната од смртта на својот сограѓаниин Ѓорче Петров, една од најмаркантните личности во македонската историја.

Ѓорче Петров, односно Георги Петров Николов, роден на 2-ри април 1865 година во прилепски во Варош, а загинал во Софија на 28-ми јуни пред 95 години.

По повод годишнината од смрта на Ѓорче Петров, денеска на споменикот, лоциран во центарот на Прилеп, претставници од локалната самоуправа и Советот на Општина Прилеп , предводени од градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески , преставници од СОУ „Ѓорче Петров“, чии име на овој револуционер е патрон на оваа образовна институција , претставници од Сојузот на борците – општинската организација – Прилеп, граѓани и граѓански здруженија, положија свежо цвеќе и се поклонија на бистата на револуционерот кои го дал животот за македонската кауза

„Тој е личност кој останал доследен на македонската идеологија, борејќи се за слободна, обединета и независна Македонија. Денеска како горди прилепчани, кои дале илјадници жртви за слободна Македонија, се поклонуваме пред споменикот на нашиот сограѓанин , чии дела биле насочени кон слободна Македонија, за што и го дал и својот живот . Денеска неговите идеали ги продолжуваат неговите потомци, идните генерации Македонци, кои се залагаат за зачувување на самостојна и независна Македонија, за нејзина поголема економски просперитет и евроатланска ориентација и интеграција“, рече градоначалникот на Прилеп ,Марјан Ристески

Покрај во центарот на градот, делегациите положија свежо цвеќе и пред спомен куќата на Ѓорче Петров, која се наоѓа во населбата Варош.

„Ѓорче Петров е личност која остана доследен на македонската идеологија, борејќи се за слобода на Македонскиот народ, и по Илинденското востание . Тој ќе остане засекогаш столб во македонската историја како идеолог , револуционер и борец за самостојна и независна држава Македонија и пример на идните генерации како се сака татковината“, истакна д-р Круме Соколоски од општинската боречка организација од Прилеп.

Прилпчанецот Ѓорче Петров е еден од најсветлите примери во борбата за независна и целовита македонска држава и токму поради вавките своите идеи и делувања во рамките на организацијата на ВМРО, станува симбол на братоубиствена политика. Загинува во Софија во 1921 година, убиен во тогашните братубиствени пресметки во организацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар