14 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарозо очекува наскоро да почнат преговорите меѓу ЕУ и САД за слободна...

Барозо очекува наскоро да почнат преговорите меѓу ЕУ и САД за слободна трговија

baroso

Преговорите за склучување на спогодба за слободна трговија меѓу Европската унија и САД се очекува да почнат во најблиска иднина, изјави претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо, јави ДПА.

Барозо, кој беше во Њујорк на конференцијата на Обединетите нации и се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун истакна дека очекува преговорите да почнат во првата половина од оваа година.

Тој нагласи дека текот на настаните зависи од тоа дали Вашингтон е подготвен да ги почне преговорите и дали поединечни членки на Унијата исто така ќе им дадат зелено светло.

– Се надевам дека ќе добиеме мандат во следните недели, нагласи Барозо.

Предложеното Трансатлантско трговско и инвестициско партнерство би покривало трговска зона со вкупно население од над 800 милиони лица – 500 милиони во Европа и 300 милиони во САД. Преговорите, според аналитичарите, можат да траат со години, пред да се постигне конечна спогодба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП