19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААгенциите S&P и Fitch го намалија кредитниот рејтинг на Британија

Агенциите S&P и Fitch го намалија кредитниот рејтинг на Британија

london_large

Велика Британија претрпе уште еден удар откако двете водечки светски агенции го намалија нејзиниот кредитен рејтинг, бидејќи сметаат дека одлуката за напуштање на Европската унија ќе ѝ наштети на британската економија.

Агенцијата Standard & Poor’s го намали највисокиот „ААА“ рејтинг на Велика Британија за дури две нивоа, на „АА“, и предупреди и на можно натамошно намалување на рејтингот. Во Fitch Ratings, пак, го намалија британскиот рејтинг за едно ниво, од „АА+“ на „АА“, исто така, предупредувајќи на можно идно намалување.

Агенцијата S&P соопшти дека резултатот од референдумот би можел да доведе до влошување на економската ситуација во Велика Британија, вклучително и во нејзиниот голем финансиски сектор. Покрај тоа, одлуката да се напушти ЕУ може да доведе до помала предвидливост, стабилност и ефикасност на политичката рамка во земјата, порачуваат од S&P.

Од Fitch во своето соопштение порачуваат дека очекуваат остро забавување на британската економија. Така, сега проценуваат дека тамошниот бруто домашен производ (БДП) во 2017 и 2018 година ќе расте по стапка од само 0,9 отсто, додека претходно се очекуваше раст од 2 отсто.

Намалувањето на рејтингот би можело да доведе до зголемување на трошоците на задолжувањето на Британија во ситуацијата која се очекува слабеење на тамошната економија. Така, во понеделникот вечерта аналитичарите на „Goldman Sachs“ порача дека Британија, по минатонеделната одлука за напуштање на ЕУ, веројатно ќе нурне во рецесија во рок од една година.

„Очекуваме дека британската економија до почетокот на 2017 година ќе потоне во блага рецесија“, предупредуваат аналитичарите на споменатата американска инвестициска банка.

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн, се обиде во понеделникот да ги примири пазарите, порачувајќи дека британската економија е доволно силна за да се справи со нестабилноста по одлуката за излегување од ЕУ.

Меѓутоа, и по неговата изјава FTSE индексот на Лондонската берза падна за повеќе од 2,5 отсто, додека курсот на британската фунта во однос на доларот потона за дополнителни 3 отсто, потонувајќи на 1,3122 долари, што е најниското ниво уште од 1985 година.

Британските медиуми пишуваат и дека во вторник агенцијата Moody’ѕ, уште една од трите најголеми светски кредитни агенции, би можела да ги намали изгледите за рејтингот на британскиот банкарски сектор на „негативни“, што значи дека му се заканува и скорешно намалување на рејтингот.

Уште во петокот, кога беше објавен исходот од референдумот, Moody’s ги намали изгледите на британскиот рејтинг на „негативни“. Оваа агенција за Британија го намали врвниот рејтинг од „тројното А“ уште во 2013 година, поради како што тогаш порача, високото ниво на јавниот долг и бавниот економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП