28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДИК, со последниот ребаланс, со најмал буџет досега

ДИК, со последниот ребаланс, со најмал буџет досега

dik399

Со последниот ребаланс на буџетот на Државната изборна комисија по трет пат и се намалува буџетот, по што и останаа само 1,7 милиони евра.

Владата, по втор пат и го намалува буџетот на Државната изборна комисија, и тоа според првичните пресметки буџетот на Комисијата требаше да изнесува 8,6 милиони евра. Објаснувањето беше дека најголемиот дел од овие пари ќе бидат наменети за подготовка и реализација на предвремените избори најавени за 24-ти април.

По одлагањето на предвремените избори за 5-ти јуни, буџетот на ДИК се намали на 7,4 милиони евра.

Сега со ребалансот на Буџетот, откако партиите не се договорија за точен датум на предвремените избори, се испланира дополнително намалување на издвојувањето за Државната изборна комисија. По ребалансот буџетот на оваа Комисија, од 8,6 милиони евра планирани во првичниот буџет, се сведува на 1,7 милиони евра.

Од Министерството за финансии велат дека кога се правел и усвојувал Буџетот за 2016 година во Изборниот законик имаше дата за избори. Сега нема, и средствата се релоцирани, но ако се закажат изборите по трет пат годинава, средства повторно ќе се обезбедат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП