4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗошто Оланд ги налути министрите?

Зошто Оланд ги налути министрите?

oland2

Пописот на имотот во сопственост на француските министри би можел да започне бура во понеделник, со разоткривање на неколку милионери во социјалистичката влада.

Тоа ќе биде прв пат во Франција некој претседател, Франсоа Оланд, да објави листа на банкарските сметки и имотна состојба на сите 38 министри, во обид да се намали незадоволството на јавноста поради тоа што неговиот поранешен министер за финансии призна дека лажел за неговата тајна сметка во една швајцарска банка.

На листата сепак нема да бидат прикажани нивните удели во компаниите, но се очекува да бидат откриени богатства доволно за да предизвикаат гнев против т.н. кавијарска левица, во земјата во која што презирот спрема прекумерното збогатување е дел од културата.

На врвот на листата може да се најде министерот за надворешни работи Лорен Фабиус, најстариот и најискусен министер на Оланд, но исто така и најбогатиот, чие богатство се проценува на неколку милиони евра, кое во голема мера е од наследени уметности.

“Ризикува.  Тоа е ризик на транспарентност”, призна еден висок владин претставник кој побара да остане анонимен, додавајќи со воздишка:

“Оваа земја има многу специфичен однос спрема парите.”

Додека службеници и вработените во јавниот сектор во голем број земји, вклучувајќи ги и САД, редовно објавуваат информации за своите средства и обврски за данок, во Франција на финансиската состојба на политичарите се гледа како на приватна работа. Оланд, кој во 2007 година ги доби гласачите врз основа на изјавата дека не му се допаѓаат богатите, сака во април да донесе закон со кој ќе ги примора и пратениците да го пријавуваат својот имот.

Кајизак, министерот за финансии, кој минатиот месец поднесе оставка и сега е под истрага за даночно затајување, пописот на имотот на политичарите може да предизвика спротивен ефект, односно да доведе до повик да “летаат глави”.

Опозицијата, се разбира се противи на овој потег.

Оланд секогаш зборуваше јасно за тоа како не ги сака парите, посочувајќи го тоа како нешто што го издвојува од Доминик Штраус Кан, поранешниот кандидат за претседател чија поранешна сопруга е наследничка на милионско богатство. Пред десет години, Оланд рече дека секој кој заработува повеќе од 4000 евра месечно треба да се вбројува меѓу богатите, а сега се обидува да наметне данок од 75% на годишно ниво за секој кој годишно заработува повеќе од еден милион евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП