10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестброкер доби дозвола за работење со хартии од вредност за три нови...

Инвестброкер доби дозвола за работење со хартии од вредност за три нови услуги

mk berza 999

Комисијата за хартии од вредност на седница и даде согласност на брокерската куќа „Инвестброкер” АД Скопје да ја прошири дозволата за работење со хартии од вредност со три нови услуги.

„Инвестброкер” АД Скопје ќе може да врши прием и пренос на налози за купување и за продавање хартии од вредност на странски пазари, со што ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската и на Македонската берза. Тоа значи дека девет од десетте членки на Македонската берза ги исполнија условите за да учествуваат на регионалната платформа СЕЕ Линк.

Исто така, „Инвестброкер” АД Скопје ќе може да чува хартии од вредност што вклучува отворање и водење на сметки на хартии од вредност во свое име, а за сметка на нивните клиенти и други услуги со хартии од вредност по налог на клиентот, како и да врши дополнителни услуги за издавачите на хартии од вредност.

На седницата што се одржа во вторник, Комисијата за хартии од вредност обнови една дозвола за работење на брокер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП