6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛутфиу: Македонија вложува во квалитетно образование

Лутфиу: Македонија вложува во квалитетно образование

obrazovanie

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу учествуваше на петтата конференција на Платформата на западен Балкан за образование и обука на професионален развој на наставниот кадар во образовните установи, што се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.

На конференцијата, министерот меѓу другото, информираше за активностите кои се преземаат од страна на Македонија, со цел да се зголеми квалитетот на образованието, особено во областа на обуката на развојот на професионалните капацитети на наставниот кадар во основните и средните училишта.

Министерот Лутфиу, истакна дека Македонија особено во последниве години со сериозна и значајна одговорност, образованието на младите генерации го смета како приоритет на развојните политики на земјата, а зголемувањето на квалитетот во образованието како потреба.

Тој додаде дека имајќи ја предвид оваа цел, Македонија сака да изгради институционални механизми за обезбедување на одржливоста на овие иницијативи кои, исто така, претставуваат производ на потребите на времето.

Во таа насока, рече Лутфиу е Академијата за наставници, државна институција којашто во себе ќе содржи различни активности во врска со стручното обучување на идните и на постојните наставници и нивното континуирано обучување, со цел да се соочат со современите трансформации во областа на наставата и учењето.

Министерот Лутфиу пред министрите за образование и наука од регионот и пред меѓународните експерти од областа на образованието, детално ги објасни целите за формирањето на Академијата за наставници, придобивките од оваа јавна установа, и финансиската поддршка која ја обезбедува државата за мисијата на оваа институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП